недела, 6 април 2025

Требаше да се мечува со трансродова противничка, клекна и го предаде мечот (ВИДЕО)

Стефани Тарнер одби да се мечува со трансродовата противничка Редмонд Саливен на турнирот во сојузната држава Мериленд.

Објавено на

часот

Сподели

Според „Фокс“, Тарнер се потрудила моментот на одбивање да биде снимен со цел да го види целиот свет.

Одлуката била донесена една вечер пред борбата, откако била извршена ждрепката и видела со кој треба да се бори.

„Видов со кој сум во група и си реков: Во ред, одиме. Ќе клекнам“, изјави таа за „Фокс“.

Тарнер во денот за борбата се загревала како да ќе настапи на мечот, била нервозна и се тресела, но сигурна во својата одлука. „Знаев што морам да направам бидејќи Американската мечувачка федерација не ги слушаше приговорите од жените“.

„Тргнав веднаш. Редмонд мислеше дека мечот ќе започне. Го погледнав судијата и му реков: Жал ми е, не можам. Јас сум жена, а тој е машко и ова е женски турнир. Нема да се борам против овој противник. Редмонд не ме слушна, ми пријде и мислеше дека сум се повредила или не разбра што се случува. Ме праша дали сум добро, ѝ реков: Жал ми е, имам големо почитување кон тебе, но нема да се борам против тебе“, открива Тарнер.

„Редмонд ми рече: Знаеш дека тука во управниот одбор имам поддршка, постои политика која ме признава како жена и имам право да настапам. Ти ќе добиеш црн картон. Ѝ реков: Знам!“.

Судиите на Тарнер ѝ дале црн картон што е најстрога казна во мечување која носи дисквалификација од натпреварувањето поради тешко кршење на правилата и неспортско однесување.

Според федерацијата Тарнер не била казнета поради нејзиното мислење, туку затоа што одбила да се мечува поротив противник кој бил уредно пријавен. Правилата гласат дека доколку некој одбие да се мечува против некој кој е правилно пријавен, му следува дисквалификација и санкција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ