среда, 14 јануари 2026

Трансфер драма за Мато: Вардар се пофали дека прифатил милионска понуда

Вардар денеска излезе со соопштение дека ја прифатиле богатата понуда на Канзас Сити, а Роџерс Мато добил одлична плата која очекуваат дека ќе ја прифати.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа Хартс се пофали дека се договориле со Роџерс Мато и тој од следната сезона ќе игра за нив, но денеска Вардар излезе со соопштение во кое се вели дека прифатиле милионска понуда од Канзас Сити.

„ФК Вардар АД реши да ја прифати милонската понуда од екипата на Спортинг Канзас Сити од Канзас САД. Клуб што се натпреварува во најсилната MLS фудбалска лига во САД.

Останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кој тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси.

Овој трансфер воедно ќе помогне и на Струмичка Брера која според договорот полага право на 20% од продажбата“, се вели во соопштението на ФК Вардар документирано со слики.

Останува да се види како понатаму ќе се развива оваа трансфер сапуница и каде на крајот ќе заврши Мато.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ