сабота, 28 март 2026

Трансфер „бомба“ пред детонација, Охрид договори големо засилување

Ракометниот клуб Охрид продолжува да гради сериозен проект кој веќе оваа сезона се наметнува како закана за врвот во македонскиот ракомет.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според најавите на „Моцарт Спорт“, нов член на Охрид ќе биде унгарскиот репрезентативец Доминик Мате. Станува збор за десен бек висок 201 сантиметар, кој во моментов настапува за Елверум, тим што се бори за титулата во Норвешка.

Мате зад себе има и искуство во дресот на Пари Сен Жермен, каде настапуваше во Лигата на шампионите, што доволно говори за неговиот квалитет и потенцијал да биде лидер во новата средина.

Иако неговата кариера беше успорена од неколку сериозни повреди на коленото, сега пристигнува како клучна алка во амбициозниот проект на Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ