вторник, 8 јули 2025

Трамп ги прими фудбалерите на Јувентус и пред нив зборуваше за Иран (ВИДЕО)

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ги прими играчите на Јувентус, не знаеше многу за Светското клупско првенство, но моментот го искористи за да каже за војната со Иран.

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалскиот свет е во САД каде се игра Светското клупско првенство, па гости на Трамп му беа играчите на Јувентус.

Трамп не знаеше многу за Светското клупско првенство, но ја искористи ситуацијата за да зборува за војната со Иран и најави дека САД ќе се вклучи активно во неа.

„Го прашав Такер дали е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Му кажав ако е така, тогаш имаме различен поглед на тоа. Тоа значи дека мора да се бориме, но без оглед на тоа, нема да дозволам Иран да има оружје кое може цел свет да го уништи“, кажа меѓудругото Трамп.

Потоа реши да постави неочекувано прашање на фудбалерите и тренерот на Јувентус, откако пред неколку месеци потпиша наредба со која на трансродовите лица им се забранува настап во женски спортови.

„Дали сте имале жени? Можеби некоја жена игра во вашиот тим? Што мислите, може ли жена да игра за вас“, ги праша Трамп.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ