Македонија утре (петок) со почеток од 20:45 ѝ гостува на Белгија во Гент во многу важен натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.
Натпреварот кој се играше во Скопје заврши 1-1, Македонија тогаш се покажа во одлично светло против фаворизираната Белгија, а очекуваме така да биде и утре.
„Мислам дека доволно знаат со каква селекција треба да играат. Тоа го докажавме и во Македонија. Мислам дека ќе имаат поголема почит кон нас. Притисокот е врз нив, додека ние секој натпревар го играме исто и се подготвуваме на ист начин. Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и нема да им биде лесно ниту на нив. Како тече циклусот, така се зголемува и притисокот, но мора да одиграме како што знаеме за да стигнеме до добар резултат. Белгија е силна селекција, произведува добри играчи и затоа се наоѓа таму каде што е“, кажа Трајковски.
Македонија е прва во групата со 11 бодови, Белгија има бод помалку, но и натпревар помалку од нас.






