недела, 7 декември 2025

Трајковски: Летонија е квалитетен тест пред мечот во Кардиф

Македонската фудбалска репрезентација во четврток од 18 часот ќе ја пречека Летонија во пријателски натпревар кој ќе се игра на Националната арена „Тодор Проески“.

Објавено на

часот

Сподели

Овој меч ќе биде еден вид на подготовка за она најважното, квалификацискиот дуел против Велс во Кардиф кој го играме на 18 ноември.

„Секој натпревар има свој важност без разлика дали тој е контролен или квалификациски. Наша примарна цел како и секогаш е да се прикажеме во најдобро светло особено кога знаеме дека дуелот против Летонија е проверка пред исклучително важниот дуел со Велс“, вели Трајковски.

Тој вели дека не смееме да ја потцениме Летонија.

„Не треба да се потценува ниту еден противник. Секоја репрезентација има свои предности и недостатоци. Летонија е вистинска селекција која за еден квалитетен тест пред гостувањето во Кардиф. Овој натпревар треба да го искористиме за подобрување на одредени сегменти во нашата игра и да бидеме на уште повисоко ниво во однос на претходните натпревари“, смета репрезентативецот.

Вели дека целта прво е триумф против Летонија, а потоа погледите ќе се насочат кон Велс.

„Сите фудбалери и членовите на стручниот штаб на секој натпревар размислуваме само за победа. Прво сакаме триумф на мечот со Летонците и тоа ќе биде одлична увертира пред клучниот натпревар со Велс. Овој период треба максимално да го искористиме за подготовка и за соочување во Кардиф на кое ќе дадеме сè од себе да одиграме најдобро што можеме и да стигнеме до резултат што ќе ни овозможи да го задржиме второто место го групата“, кажа Трајковски.

Фото: ФФМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ