сабота, 28 март 2026

Трајковски и Миовски незадоволни од минутажата заминале од репрезентацијата

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски потврди дека Александар Трајковски и Бојан Миовски си заминале и нема да бидат во комбинација за мечот против Данска.

Објавено на

часот

Сподели

Од ФФМ велат дека Глазгов Ренџерс побарал Миовски да биде пуштен, па и самиот фудбалер дал согласност да замине. Тој бил лут затоа што не бил стартер против Данска.

Барање за ослободување пристигнало и од клубовите на Енис Барди и Исник Алими, но и двајцата сакале да останат до крај со репрезентацијата, па ќе одат и во Даблин.

Александар Трајковски заминал поради тоа што остана на клупата за резерви во Копенхаген, а Седлоски нема да може да смета и на Јани Атанасов кој има повреда на Адукторот.

„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден. Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ