Еден од лидерите во составот, Александар Трајковски, верува дека Македонија има капацитет да одговори на предизвикот во Копенхаген и покрај тоа што Данска важи за фаворит.„Мислам дека секако сега со нов селектор влегуваме со некоја нова енергија, нова визија. Мислам дека ќе се подготвиме добро за овој натпревар, сите знаеме колку е важен. Вчера кога дојдов тука видов добра енергија на тренингот, добро одработевме и мислам дека ако вака продолжиме ќе бидеме максимално подготвени за предизвикот. Треба да имаме максимален фокус, концентрација бидејќи ќе биде тешко. Можеби Данска ќе биде фаворит на хартија, ама ние докажавме дека можеме да играме со било која репрезентација, така што верувам во оваа екипа. Изјавата на Хојлунд се надевам дека ќе биде мотивација за нашите дефанзивци. Наше е да дадеме максимум и мислам дека со добра борба и фокус, можеме да дојдеме до добар резултат.Јас го гледам тој натпревар како еден од најважните во мојата кариера на фудбалски план. Се надевам дека сите овие дечки кои се тука ќе го гледаат тој меч на ист начин. Нема подобро чувство од тоа да победиш и да се бориш за Светско првенство. Чувството е убаво и се надевам дека ќе го повториме тоа, како што тоа се случи во Палермо. Секако, Данска е поразлична репрезентација од Италија, ама секоја средба е важна, а оваа е меѓу најважните. Може кој сака да биде фаворит, ова е фудбал и се игра еден натпревар. Тоа е најважното што сите мора да го знаеме и да го пренесеме на терен. Деновиве ќе анализираме, ќе видиме кои им се слабите страни и ќе се обидеме да пронајдеме начин да ги загрозиме“, изјави Трајковски.Македонија утре заминува за Данска, а веќе в четврток ќе го одигра клучниот натпревар на „Паркен“.
Трајковски: Данска е фаворит, ама ние покажавме дека можеме да играме со сите
Македонската репрезентација ги започна подготовките во Скопје пред баражот со Данска за пласман на Светското првенство, а атмосферата во тимот носи оптимизам со новиот селектор Гоце Седлоски.

Објавено на
часот





