недела, 29 март 2026

Трагично реотворање на легендарниот „Ацтека“, навивач загина на стадионот на кој ќе се игра првиот меч на СП

Трагедија го засени свеченото враќање на легендарниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити.

Објавено на

часот

Сподели

Навивач го загуби животот при пад од ложа пред почетокот на пријателскиот натпревар меѓу Мексико и Португалија, кој заврши 0-0.

Стадионот, познат по старото име „Естадио Ацтека“, неодамна беше реновиран како дел од подготовките за Светското првенство, каде ќе биде домаќин на отворањето на 11 јуни и ќе влезе во историјата како прв со натпревари на три Мундијали.

Според првичните информации, навивачот бил под дејство на алкохол и се обидел да се спушти од повисоко ниво по надворешниот дел од конструкцијата, при што паднал и починал. Настанот фрли сенка врз мечот кој требаше да означи нов почеток за еден од најпознатите стадиони во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ