Според информациите кои доаѓаат од Србија, несреќата се случила во раните утрински часови кога Миловановиќ со автомобил излетал од патот и се превртел. Возилото паднало на пруга. Фудбалерот во безознание поминал три часа во автомобилот по што на него налетал воз.
Миловановиќ важел за талентиран фудбалер. Својата кариера ја започнал во младинската школа на Рад, а потоа играл за сениорските тимови на Вршац, Смедерево, Будуќност Крушик, Михајловац и ГСП Полет Дорчол.
Фото: FK GSP Polet Dorćol/FB