Свен Улрајх, резервниот голман на Баерн Минхен, со голема тага ја соопшти смртта на неговиот син Лен, кој имал само шест години.
Во објава на социјалните мрежи, 36 годишниот Германец објасни дека ја споделил трагичната вест за да се избегнат шпекулации и замоли за почитување на нивната приватност.
„Со длабока тага, соопштуваме дека пред неколку недели, по долга и сериозна болест, почина нашиот син Лен“ – се вели во објавата.
„Одлуката оваа информација да ја објавиме беше исклучително тешка за нас, но претставува важен чекор за нашето семејство, за да создадеме појасна слика за луѓето околу нас но и за јавноста. Заедно со нашата ќерка, се обидуваме чекор по чекор повторно да го пронајдеме патот назад кон животот“.
„Сакам да им се заблагодарам на нашите семејствата, пријателите и Баерн Минхен за нивната дискреција и голема поддршка во изминативе месеци – тоа ни значи многу“.
„Ја замолувам јавноста и претставниците на медиумите за разбирање и почитување на нашата приватност. Љубезно ве замолуваме да се воздржите од понатамошни прашања или изјави“.
„Лиза и Свен“.
ФОТО: X/FC Bayern






