Информацијата прво ја објави телевизискиот канал „Ал Мајадин“, повикувајќи се на локални извори, а потоа веста беше потврдена и од други медиуми.
Нападот се случил во покраината Фарс, а според истите извори, меѓу жртвите имало деца кои биле во салата во времето на нападот. Првичните извештаи зборуваа за повеќе од 15 смртни случаи, но бројот на жртви подоцна беше зголемен.
🚨🇮🇷🇮🇱🇺🇸 BREAKING: ISRAEL BOMBED 20 volleyball players in a sports hall in Iran. pic.twitter.com/rpRljG1cWu
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) February 28, 2026
Меѓународната одбојкарска федерација (ФИВБ) исто така реагираше на оваа пригода, изразувајќи длабока загриженост и осудувајќи ја смртта на младите спортисти.
Во соопштението се наведува дека ФИВБ е „шокирана и крајно загрижена од извештаите дека неколку млади одбојкари во Иран ги загубиле животите поради влошувањето на безбедносната состојба на Блискиот Исток и поширокиот регион“.
„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до сите погодени од оваа криза во развој“, се нагласува во соопштението.
Се додава и дека десетици илјади членови на одбојкарската заедница во регионот се раселени и се соочуваат со неизвесна иднина.
ФИВБ формираше посебна работна група со цел координирање на хуманитарната помош во реално време и обезбедување на безбедноста на одбојкарите, тренерите, стручниот персонал и волонтерите во погодената област, во соработка со владите, невладините организации и другите релевантни тела.






