недела, 11 јануари 2026

Трабзонспор е подготвен да плати 1,5 милиони евра за вардарецот Мато

Големиот турски клуб, Трабзонспор е силно заинтересиран за најдобриот играч во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Роџерс Мато за кого Вардар бара 1,5 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Скаутингот на Трабзон дал позитивен извештај за Мато, а наводно зелено светло за ангажман на фудбалерот има и од Фатих Теке кој во крилниот офанзивен фудбалер гледа идеално засилување.

Во меѓувреме Вардар одби понуда од 350.000 евра од Хартс и објави дека ставил откупна клаузула од 1,5 милиони евра за Мато.

Од Турција има најави дека Трабзон е подготвен да ја плати таа сума и во наредниот период можни се конкретни чекори.

Ако се реализира овој трансфер, тоа ќе биде најскапо продадениот фудбалер од македонското првенство.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ