Тотнем тргна во офанзива по потписот на Мохамед Кудус од Вест Хем и достави предлог од 50 милиони фунти, кој веднаш беше одбиен.
Медиумите од „островото“ сега откриваат повеќе детали и како што пренесува Токспорт, понудата од 50 милиони фунти вклучувала и бонуси кои биле поврзани со триумф во Премиерлигата или Лигата на шампиони.
„Спарси“ во мај стави крај на постот долг 17 години и стигнаа до трофеј по триумф во Лига Европа, но се чини дека Премиерлигата и Лигата на шампиони е малку преголем залак.
Па затоа и добиле брутален одговор, Вест Хем им порачал „да бидат малку реални“ и дека се потребни најмалку 60 милиони гарантирани, за да почнат сериозни преговори.
Се верува дека во договорот на Мохамед Кудус има откупна клаузула од 85 милиони фунти која е активна во првите десет дена од јули месец.
ФОТО: X/West Ham United






