понеделник, 8 декември 2025

Тотнем прокоцка два гола предност, ПСЖ го освои Суперкупот на УЕФА (ВИДЕО)

Англискиот клуб водеше со 2-0 до 85. минута и успеа да остане без пехарот од Суперкупот на УЕФА, ПСЖ со неверојатен финиш израмни на 2-2, а потоа беше поуспешен во изведувањето на пенали и на тој начин дојде до победата.

Објавено на

часот

Сподели

Малку фалеше за новиот тренер на Тотнем, Томас Франк во својот прв официјален меч како предводник на Спарс да освои и трофеј.

Резултатот го отвори Ван де Вен на пет минути до крајот на првото полувреме.

По само три минути игра во вториот дел Ромеро постигна гол за предност на Тотнем и од 2-0.

Тој резултат беше актуелен се до 85. минута кога Ли даде убав гол од далечина и намали на 2-1, ПСЖ комплетно се врати во игра.

Во четвртата минута од судиското продолжение Рамош даде гол, израмни на 2-2 и го однесе мечот на пенали.

Според новите правила сега нема продолженија, директно се шутираат пенали.

Тотнем подобро ја почна и пенал серијата, во првите шутеви водеше со 1-0 откако Соланке даде гол, а Витиња промаши. Но, потоа Ван де Вен и Тел не реализираа, останатите од ПСЖ ги дадоа головите и на крајот се радуваа на победата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ