среда, 11 февруари 2026

Тотнем по осум кола без победа му врачи отказ на Томас Франк

Фудбалскиот клуб Тотнем се реши за тренерска смена и му врачи отказ на Томас Франк.

Објавено на

часот

Сподели

По само осум месеци на клупата, по катастрофалната серија од осум меча без победа „петлите“ направија промена. Последниот триумф Тотнем го забележа минатата година, односно на 28 декември против Кристал Палас (0-1). Оттогаш забележаа четири ремија и четири порази, а последниот од Њукасл ја прели чашата.

Тотнем се наоѓа на 16. позиција во Премиер лигата, со само пет бода над опасната зона.

Поради тоа, Франк заработи отказ иако летоска беше платена отштета од седум милиони евра за да го ослободат од Брентфорд. Стратегот „не кликна“ со клубот и промената беше неизбежна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ