Македонскиот голман од Потсдам се пресели во Битигхајм со кој потпиша договор до 2027 година.
„Со ангажманот на Мартин добивме интернационално искусен голман, кој веќе покажа дека може да брани на високо ниво во Бундеслигата. Тој остави одличен впечаток и на теренот и надвор од него, и веруваме дека ќе биде клучен играч во нашата мисија за враќање во Првата лига“, изјави извршниот директор на клубот, Бастиан Шпајлингер.
Томовски, кој е стандарден член на македонската репрезентација и има настапи на СП 2021 и ЕП 2024, не го криеше задоволството по потпишувањето на договорот:
„Среќен сум што доаѓам во Битигхајм. Минатата сезона имав можност да играм против нив и веднаш ги препознав квалитетите на тренерот Икер Ромеро. Разговорот со него беше пресуден – имаме исти цели и јасно дефиниран план, затоа сум уверен дека направив вистински избор“, изјави Македонецот.






