четврток, 22 јануари 2026

Томовски: Кога сме сплотени можеме против секого да играме

Голманот Мартин Томовски беше херојот на Македонија во самиот финиш од натпреварот, тој вели дека сплотени можеме со секого да се надигруваме.

Фото: РФМ

Објавено на

часот

Сподели

Последните напади на Португалците беа спречени од фантастичниот Томовски. Тој во второто полувреме имаше неколку интервенции кои направија разлика.

Фати топка кога Португалците мислеа дека шутираат на празен гол, а тој летна и одбрани, а потоа фати и две клучни топки во последниот напад на противникот.

„Среќни сме, но и жалиме затоа што имавме можност да победиме. Покажавме добра психолошка состојба, иако губевме. Се вративме и не се предадовме, сите бевме како едно и ги намаливме грешките. Бевме одлични во нападот и на крајот освоивме бод. Ако бидеме сплотени, можеме секого да победиме“, рече Томовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ