среда, 17 декември 2025

Томас Милер со многу емоции се збогува од германската репрезентација

Европското првенство беше последниот настап за Томас Милер за германската репрезентација, тој објави пензија од националниот тим.

Објавено на

часот

Сподели

Милер објави кратко видео во кое им се заблагодари на сите со кои настапуваше во германската репрезентација. Репрезентативната кариера во дресот на Германија ја заврши по 14 години во кои одигра 131 натпревар и постигна 45 гола.

Со оваа бројка тој е трет на вечната листа зад Мирослав Клосе кој има 137 и Лотар Матеус со 150 настапи.

Првиот гол за Германија го постигна против Австралија на Мундијалот во 2010 година во Јужна Африка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ