недела, 15 март 2026

Тиквеш пак го декласира Шкупи со ист резултат како во февруари

Фудбалерите на Тиквеш убедливо го совладаа Шкупи со 6-0 во натпреварот од 23. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Објавено на

часот

Сподели

Тиквеш поведе уште во петтата минута преку Лавал, а до крајот на првото полувреме Бразилецот Лусианињо двапати ја погоди мрежата за водство од 3-0.

На стартот од вториот дел истиот играч го комплетираше хет трикот, по што Ѓорѓиевски и Стојанов ги поставија конечните 6-0.Со истиот резултат кавадарчани го победија Шкупи и во февруари.

Со новите три бода Тиквеш стигна до 33, додека Шкупи е на самото дно со еден освоен бод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ