Во својот прв европски настап Тиквеш се врати од два негатива и го победи исландски Бреидаблик со 3-2. Сега дојде време за реванш. Момците од Кавадарци ќе се обидат да ја сочуваат предност од еден гол разлика и да се пласираат во второто квалификациско коло.
Натпреварот меѓу Бреидаблик и Тиквеш почнува од 21:15 часот, тој е последен на програмата од сите денешни мечеви.
Претходно, од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“, Шкендија ќе го почне дуелот со Ноа од Ерменија. Тетовскиот тим има тешка мисија да надополни два негатива.
Шкендија влезе како фаворит во оваа пресметка, но прими два гола во финишот од првиот натпревар, па сега ќе се обиде да се прикаже во едно поинакво издание и да го оствари посакуваниот исход.
Конференциска лига квалификации:
20:00 Шкендија – Ноа (0-2)
21:15 Бреидаблик – Тиквеш (2-3)






