Струга се израдува на водство кога Радески погоди во 20. минута, но работите брзо се сменија.
Само пет минути подоцна со голот на Рамадани, Тиквеш израмни на 1-1. А по десет минути игра во вториот дел Сила погоди за комплетен пресврт и победа на Тиквеш од 2-1.
Во вториот денешен натпревар Шкендија очекувано лесно славеше над Шкупи, конечниот резултат беше 6-0.
По два гола постигнаа тројца фудбалери, Мелиќи, Ибраими и Љатифи.
Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите Арсими – Пелистер и Брера – Македонија ЃП.






