Тиквеш и Работнички е првиот натпревар во нотата сезона на кој мрежите мируваа, вечерва во Кавадарци мечот заврши 0-0.
Двете екипи имаа свои шанси, а особено Работнички може да жали што не стигна до цел плен.
Дашмир Елези во првиот дел имаше атрактивен обид со ножички, но неговиот удар заврши над голот.
На десетина минути пред крајот, Бошнаков имаше зицер за 0-1, но домашниот голман Христијан Стевковски од одлична одбрана го сочува својот гол.
Oвој дуел беше и единствениот денеска во ПМФЛ, а првото коло утре го затвораат екипите на Силекс и Брера исто така од 17:30 часот.






