По поразот во Битола, ПИК Сегед денеска како да сакаше да покаже кој е кој, унгарскиот тим одигра максимално сериозно од почетокот до крајот и ја наполни мрежата на Пелистер.
Македонскиот шампион беше рамноправен само во првите десетина минути, а потоа голманот Роланд Миклер стапи на сцена. Само во првото полувреме собра 11 одбрани. По првите 30 минути беше 14-9 за ПИК Сегед.
Вториот дел од натпреварот беше уште покатастрофален за Пелистер, тие 30 минути македонскиот тим ги загуби со 11-21, ПИК Сегед победи со 21-11.
Во составот на Пелистер, Манасков, Атанасијевиќ и Хаџиќ дадоа по три гола, кај ПИК Сегед Кукиќ и Фримел погодија по седумпати.
Во следното коло Пелистер ќе има тежок предизвик, во Битола пристигнува европскиот шампион, Магдебург, тој меч се игра на 26 ноември од 20:45 часот.
Фото: ЕПА






