Македонските одбојкарки беа многу далеку од нивото на противничките кои не само што победија, туку тоа го направија и преубедливо.
Во првиот сет Македонија освои само седум поени. Покажавме мускули во вториот сет во кој освоивме 16 поени, а во третиот последен сет реализиравме само шест поени.
Стојовска беше најефикасна во нашата селекција со седум поени.
Нареден предизвик на Македонија во Сребрената европска лига е вториот турнир кој ќе го играме во Фарските острови, таму покрај домаќинот, противник ќе ни биде и Австрија.