Домашните фанови незадоволни од играта на своите кошаркари и резултатот кој тогаш беше 53-28 за МЗТ Скопје, влегоа во теренот.
Беа најразочарани од српскиот кошаркар Тадија Тадиќ, па по вербална расправија се обидоа да му го соблечат дресот. Веројатно поради незалагање.
Се случи голема мешаница меѓу играчите и навивачите, реагираше и полицијата па ситуација некако се смири.
Трибините беа испразнети, навивачите избркани од салата, па дури потоа продолжи натпреварот.