среда, 28 мај 2025

Тепачка меѓу фановите на Хајдук и Динамо во Сплит пред големото дерби (ВИДЕО)

Денеска од 16 часот Хајдук го пречекува Динамо Загреб во меч кој може да биде и клучен за шампионската титула во хрватското фудбалско првенство, а како увертира на мечот дивеат навивачките групи на двата тима.

Објавено на

часот

Сподели

Хрватските медиуми објавуваат за масовна тепачка меѓу навивачката група на Хајдук „Торцида“ и подржувачите на Динамо Загреб „Бед Блу Бојс“ во која учествувале околу 200 лица.

Инцидентот се случил утрово околу 9.15 часот, полицијата веднаш реагирала за да спречи поголем хаос. Приведени се над 100 лица.

На четири кола до крајот Ријека и Хајдук имаат по 56 бодови, Динамо Загреб има 55.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ