Овој натпревар го реши голот на Стефан Цветковиќ кој реализира во финишот на првото полувреме. Србинот погоди за вардарова предност која беше активна долго во натпреварот. Во вториот дел Башкими не успеа да се врати, Вардар издржа еден налет и на крајот стигна до победата.
Сепак, финишот на средбата го одбележа инцидент. По црвениот картон за стоперот Реџеп Мурати страстите зовреа, па дојде до турканица и за малку немаше масовна тепачка.
По оваа ситуација од Башкими дури сакаа и да се повлечат од натпреварот, меѓутоа на крајот решија да ги доиграат преостанатите неколку минути.






