недела, 7 декември 2025

„Тенисот е за богати, од 13-та до 18-та година треба да потрошите милион евра“

Австриецот Доминик Тим вели дека е прилично тешко и скапо да се стане елитен тенисер, потребно е да се вложат милиони евра за да се дојде до ниво каде може да се заработува и живее од овој спорт.

Објавено на

часот

Сподели

Доминик Тим искрено раскажа за финансиското жртвување кое мора да се направи за да се стане елитен тенисер.

„Тенисот е спорт за богати. Од 13-та до 18-та година, или до моментот кога момчињата или девојките ќе почнат да заработуваат пари, треба да вложат околу 1 милион евра“ – вели Австриецот, кој го освои ЈуЕс Опен во 2020.

„Дури и да барате спонзори или инвеститори, повторно е праскапо“.

„Кога имате 15 или 16 години и почнувате да играте како јуниори на Грен Слем турнирите, патувате речиси како професионалец. А немате никакви парични награди, па само трошите“.

Тој исто така посочува дека многу пари заработуваат оние при врвот, но не и оние што се подолу на АТП ранкингот.

„Бројките што се објавуваат ви изгледаат огромни. Но да речеме дека сте елиминирани уште во првото коло на Вимблдон“.

„Ќе добиете чек од 65.000 фунти, но сигурно ќе остане без 60% од оваа сума. Прво данок ќе ви земе земјата каде сте играле, потоа данок ќе ви земе и вашата сопствена земја. Потоа имате трошоци за тренери, физиотерапевти, патување, сместување, опрема…“.

ФОТО: X/ATP Tour

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ