петок, 9 јануари 2026

Тениски скандал: На професионален турнир настапи девојка која не знае да игра тенис! (ВИДЕО)

Скадалот кој се случи на турнир во Најроби, Кенија е во центарот на вниманието во тенискиот свет, вакво нешто досега никој не видел.

Објавено на

часот

Сподели

На ИТФ турнир W35 вајлд карта доби нерангираната египетска „тенисерка“ Хајар Абделкадер.

Таа настапи во првото коло од турнирот во Кенија против Германката Лорена Шадел.

Абделкадер загуби со 6-0 и 6-0, освои само три поени од кои два беа двојна сервис грешка на противничката, а едниот беше неизнудена грешка.

Египетската тенисерка изгледаше како првпат да фаќа рекет во рацете, видеата кои се вирални на социјалните мрежи се трагикомични.

Уште не е познато како воопшто успеала да ја добие вајлд картата за настап на турнирот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ABC SPORT (@abc_sport)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ