вторник, 6 мај 2025

Тенисерките поразени од Норвешка, ги загубивме шансите за напредок во БЏК купот

Женската тениска репрезентација на Македонија загуби со 2-1 од Норвешка во второто коло од Ц групата на Втората Евро-африканска зона во Били Џин Кинг купот, што се одржува во Ларнака, Кипар.

Објавено на

часот

Сподели

Денот за Македонија почна со пораз, Магдалена Стоилковска загуби од Улрике Еикери со 6-3 и 6-2.

Потоа следуваше настапот на нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која убедливо ја совлада Малене Хелго со 6-0 и 6-2 со што изедначивме на 1-1. Дуелот во двојки го решаваше победникот.

Во него по голема борба Норвежанките го добија мечот. Во првиот сет Еикери и Хелго славеа со 6-4, вториот сет ѝ припадна на Македонија, Стоилковска и Ѓоческа го добија со убедливи 6-1.

Но, Македонија потклекна во решавачкиот супер-брејк кој го добија Норвежанките со 10-5 и го добија и мечот во двојки, и вкупниот меч со 2-1.

Овој пораз значи дека нема да го освоиме првото место во групата, значи нема да се качиме зона повеќе.

Утре го играме последниот натпревар во групата, имаме дуел со Косово по кој ќе се знае дали ќе се бориме за пласман од 4 до 6 место или од 7 до 9 место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ