Бостон го загуби мечот во Њујорк, но го загуби и својот најдобар кошаркар, Џејсон Тејтум го повреди зглобот на ногата откако лошо стапна. Според неговата реакција се работи за тешка повреда. Тој лежеше на теренот во голема болка, дојде лекарскиот тим да му укаже помош, а потоа со помош на количка беше однесен во соблекувалната.
Jayson Tatum was emotional while leaving the game in a wheelchair from a non-contact injury. pic.twitter.com/ZtUGRedUzg
— SportsCenter (@SportsCenter) May 13, 2025
Тејтум беше најефикасен на мечот, постигна 42 поени, зад него беше кошаркарот на Њујорк, Брансон кој реализираше 39, а имаше и 12 асистенции.
Њујорк е на чекор до пласман во финалето на истокот, Бостон без Тејтум тешко дека ќе го спречи налетот на Никси.