Вујошевиќ подолго време се бореше со сериозни здравствени проблеми, а во март неговата состојба дополнително се влоши поради проблеми со срцето и белите дробови.
Најголемиот белег го остави во Партизан, со кој доминираше во регионот и двапати стигна до завршниот турнир во Евролигата, во 1988 и 2010 година.
Во кариерата беше шампион во повеќе натпреварувања и тренер на неколку големи клубови, а ќе остане запаметен како еден од највлијателните кошаркарски стратези на овие простори.






