недела, 8 февруари 2026

Тажна вест: Почина бугарскиот ракометен селектор

Бугарскиот ракомет го погоди тажна вест, на 61-годишна возраст почина селекторот на ракометната репрезентација на нашиот источен сосед, Илијан Василев.

Објавено на

часот

Сподели

Василев одреден период се соочуваше со сериозни здравствени проблеми, а денеска стигна веста дека ја загубил најважната битка.

Иако самиот водеше тешка битка, сепак тој беше со репрезентацијата до самиот крај и седеше на клупата во двата претквалификациски натпревари за Европското првенство во 2028 кои оваа селекција ги играше со Турција.

Како ракометар, Василев беше и репрезентативец носејќи го дресот од 1983 до 1995 година и во тој период собра над 250 настапи.

Исто така искустово и како играч и како тренер имаше и во Франија каде што со Ница двапати ја освои титулата во Втората лига, а во 1995 година беше дел и од најсилната француска Суперлига.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ