понеделник, 16 март 2026

Тажна вест од Аргентина: Почина тренерот на Бока Јуниорс

Актуелниот тренер на Бока Јуниорс и аргентинска легенда, Мигел Анхел Русо почина на 69-годишна возраст.

Објавено на

часот

Сподели

Тажна вест од Аргентина, Мигел Анхел Русо ја загуби борбата со канцерот. Стратегот зад себе остави импресивна кариера, најпрво како фудбалер, а потоа и како тренер.

Како фудбалер целата кариера ја помина во Естудијантес, а играше и за аргентинската репрезентација.

Во тренерската кариера освои седум големи трофеимеѓу кои посебно се издвојува трофејот во Копа Либертадорес од 2007 година кој е последен во ова натпреварување кој Бока го освои до денес. Покрај Бока беше тренер уште на: Ланус, Естудијантес и Росарио Централ.

На клупата на Бока по третпат се врати во јуни оваа годна за да го води тимот на Светското клупско првенство, беше активен се до септември кога мораше да се повлече поради влошеното здравје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ