петок, 30 мај 2025

Тажна вест од Аргентина: Почина поранешен светски шампион

Почина поранешниот аргентински фудбалер, Луис Адолфо Галван кој беше дел од тимот кој во 1978 година го освои Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Галван почина на 78-годишна возраст, по повеќенеделна борба со тешка пневмонија. Тој долго време беше хоспитализиран поради здравствени компликации, при што доби сериозна инфекција која дополнително ја влоши неговото состојба.

Аргентинската фудбалска федерација (АФА) испрати јавна порака на сочувство до семејството и фудбалската заедница.

„Изразуваме длабоко жалење за смртта на Луис Галван, дефанзивец кој остави историска трага во аргентинскиот фудбал и беше дел од тимот што донесе радост на нацијата во 1978 година. Галван беше вистински симбол на клубот Таиерес, каде одигра 503 натпревари во текот на 17 сезони“, соопшти АФА.

Галван останува запаметен како еден од најцврстите стопери во историјата на аргентинскиот фудбал, чиј придонес ќе живее засекогаш во меморијата на навивачите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ