Во канцелариите на Милан утрово имаше средба помеѓу Игли Таре и новинарите, спортскиот директор ги откри плановите за летниот преоден рок.
„Разгледуваме неколку позиции, но приоритет во моментов е средниот ред и да го подигнеме квалитетот на играта, како што побара Масимо Алегри“ – вели Игли Таре.
Покрај ангажман на Лука Модриќ, планот е да се донесат уште двајца други фудбалери од средниот ред.
Во моментов се водат преговори со Баер Леверкузен за трансфер на Гранит Џака, доставена е понуда вредна помеѓу 8 и 10 милиони евра.
„Росонерите“ исто така преговараат со Торино за трансфер на Самуеле Риџи, последниот предлог ставен на маса е вреден 22 милиони евра, плус додатни 3 милиони евра во бонуси. Се верува дека „биковите“ ја спуштиле првичната цена од 30 милиони евра, на 28 милиони евра, па останува да се најде компромис за мала разлика.
Милан исто така сака да донесе засилувања за бековските позиции, односно нов десен и нов лев бек, како и нов напаѓач, или поточно класичен голгетер.
„Хименез сака често да излезе од шеснаесетник и да прими топка, па затоа сме во потрага на класична „9-ка“, некој како Жиру“.
Игли Таре исто така појасни дека Милан може да ангажира и централен дефанзивец и крило во случај ваков тип на играчи да бидат продадени во следните месеци, па ова лето да бидат ангажирани и до 8 нови имиња.
ФОТО: fb/AC Milan