Таа играше за клубот ЕРД и беше дел од младинската репрезентација на Унгарија со која пред три години освои сребрен медал на Светското првенство за ракометарки до 20 години.
„Со длабока тага ги информираме членовите на нашата заедница дека нашата ракометарка Доротја трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Играше за нашиот клуб повеќе од десет години. Имаше само 21 година“, се наведува во соопштението на нејзиниот клуб ЕРД.
Киш важеше за талентирана ракометарка која постојано напредуваше низ младинските категории.