недела, 7 декември 2025

Свеченост на „Диего Марадона“ во чест на Елиф Елмас (ВИДЕО)

Пред вчерашниот натпревар меѓу Наполи и Аталанта кој го добија домаќините со 3-1, нашиот Елиф Елмас беше во центарот на вниманието.

Објавено на

часот

Сподели

На Елмас му беше врачен дрес во рамка со бројот 200 и неговото презиме. Тоа е поради јубилејната бројка на 200 настапи во дресот на Наполи за него.

До таа бројка стигна минатото коло на мечот против Болоња.

Елмас беше член на Наполи од 2019 до 2024 кога замина за Лајмпц, но ова лето повторно се врати.

Што се однесува до вчерашниот меч, Елмас го почна од клупата, на теренот влезе во 69. минута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ