Во последните секунди од мечот, наместо пенал, судиите покажаа пробивање во користи на Шведска и покрај тоа што многу јасно се гледаше дека нивниот ракометар брани во шестте метри.
Судиското его на германските судии Шулце и Тонисес беше дотолку големо што и по прегледувањето на снимката останаа на својата одлука иако целиот свет виде дека е пенал.
Според ракометните правила оваа ситуација мора да е пенал за Унгарија, не е фаул па да има слободна судиска проценка, па ова што го видовме е неверојатно за едно големо натпреварување.






