среда, 16 јули 2025

Судеше на ЕП и во Премиер лига, а сега работи како доставувач (ФОТО)

Скандалите на англискиот судија Дејвид Кут му го променија животот, судеше на најголемите натпревари, а сега работи како доставувач.

Објавено на

часот

Сподели

Ако порано заработуваше пари со судење на елитни натпревари, сега тоа го прави со достава.

„Сакам да продолжам понатаму со животот. Се обидувам повторно да најдам чувство на одговорност и смисла. Работата ме држи активен и ангажиран, но ова не е моја нова долгорочна кариера“, изјавил Кут за британските медиуми.

Кут дојде до ова ниво во животот по низата скандали. Тој беше снимен како го навредува тогашниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, а ден по натпревар на ЕП каде работеше како ВАР судија, се појави снимка од која се гледа како шмрка бел прав. Поради овие скандали тој веќе не е дел од фудбалот.

Интересно, човекот кој го препознал Кут и го снимил како му ја доставува пратката е навивач на Ливерпул, кој и му замерил за навредите кон Клоп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ