Од 21 до 28 февруари 2026 година се одржа 2026 World Rowing Virtual Indoor Championships – светското виртуелно првенство во ергометар, каде веслачи од целиот свет се натпреваруваа преку Concept2 ергометри од своите клубови и тренинг центри.
„Нашата Ана Прентоска од ВК ‘Црн Дрим’ – Струга го освои одличното 6-то место во дисциплината 1000 метри за жени до 17 години, со време од 03:42.01, во конкуренција на 28 квалификувани финалистки. Настапот на Ана го потврдува нејзиниот талент и посветеност на веслањето, а Македонија гордо ја претстави на еден од најсилните светски виртуелни натпревари. Виртуелното првенство е револуција во светското веслање – дозволува учество од секој континент без патување, но со иста конкурентност како и на класичните светски првенства“, објавија на својата официјална фејсбук страница од Веслачката федерација на Македонија.
Оттаму го споделија официјалниот линк на кој може да се следат официјалните резултати од одржаното првенство – https://worldrowing.com/event/2026-world-rowing-virtual-indoor-championships-presented-by-concept2?fbclid=IwY2xjawQRdEZleHRuA2FlbQIxMABicmlkETEzNUxuME1USHpoY25mdWU0c3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHvq7LmFv7l6Sg0WJ2hTsONbb7ez1Fyg31x5AT9rE2swrycJx69d4ELyWis5h_aem_9YYViQuKtqsuMizr3tFCZQ






