вторник, 9 декември 2025

Струмица убедливо загуби во реваншот против Чешке Будејовице

Македонскиот одбојкарски шампион, екипата на Струмица беше поразена и во реваншот од ЦЕВ Купот против чешката екипа Јихострој Чешке Будејовице со 0-3 во сетови, односно 17-25, 15-25 и 19-25.

Објавено на

часот

Сподели

Чешкиот тим тргна одлично во натпреварот и постојано ја имаше предноста, лесно го добија првиот сет со 25-17.

Уште поубедливи беа во вториот сет, Струмица не можеше да парира на посилниот противник, Будејовице го добија сетот со 25-15.

Најголем отпор Струмица пружи во последниот сет, се држеше до 14-15, но потоа следуваше серија од 0-5 на гостите, сетот го добија со 25-19 и ја комплетираа победата од 3-0.

Јован Милев и Кристијан Илијев освоија по седум поени, Филип Маџунков реализираше шест, додека Владо Милев запиша пет поени зад своето име.

Фото: VC Strumica

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ