сабота, 24 мај 2025

Струмица ја доби финалната серија со Штип и по 12. пат стана шампион на Македонија

Одбојкарите на Струмица ја одбранија шампионската титула откако денеска на свој терен го совладаа Штуп УГД со 3-1 (25-21, 25-19, 16-25, 25-23).

Објавено на

часот

Сподели

Поради подобриот учинок во регуларниот тек од сезоната Штип УГД како фаворит влезе во финалната серија, но искуството во освојување на големи трофеи е на страната на Струмица па тие не го дадоа одбојкарскиот трон.

Денешниот натпревар траеше четири сета, Струмица ги доби првите два со 25-21 и 25-19.

Но, во третиот сет Штип покажа моќ и го доби со убедливи 25-16. За штипјани ова беше надеж дека можат и до пресврт, но не беше така.

Четвртиот сет по голема борба го доби Струмица со 25-23 и радоста можеше да почне. 3-1 во партии во финалната серија.

За Струмица ова беше 12. шампионски трофеј.

Фото: ОФМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ