петок, 30 мај 2025

Струмица и Јанта Волеј станаа младински одбојкарски шампиони

Струмица ја одбрани титулата во машката младинска конкуренција откако во финалето на завршниот турнир го совлада Борец со 3-0 во сетови, во женска конкуренција победници се Јанта Волеј Кисела Вода кои со 3-2 беа подобри од Наковски Волеј кој беше бранител на трофејот.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во салата „Јане Сандански“ се одигра завршницата на фајнл-фор турнирите во машка и женска младинска конкуренција.

Струмичани во финалето лесно се справија со борец и го совладаа во три сета (25-16, 25-17, 25-15) со што ја одбранија титулата.

Во мечот за третото место Весна Пробиштип во три сета го совлада Работнички, (25-16, 31-29, 25-23).

Финалето кај дамите беше многу понеизвесно, Јанта Волеј во пет сета го победи Наковски Волеј кој ја бранеше титулата, (22-25, 22-25, 25-20, 26-24, 15-8).

И во борбата за третото место имаше пет сета, Работнички Скопје со 3-2 (20-25, 25-15, 25-15, 18-25, 15-9) беше подобар од Газели Волеј.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ