Стружани го зацврстија средниот ред со квалитетно име, бидејќи пристигна Адриан Зенделовски. Станува збор за младински репрезентативец на Македонија кој игра од селекцијата до 17 години и напредува низ ранговите.
Во редовите на Струга доаѓа од редовите на шведски Олимпик за кој оваа сезона на 21 натпревар даде пет гола. 20-годишникот е стандарден во селекцијата за играчи до 21 година, веќе има 13 настапи.
Кариерата на Зенделовски тргна во младинската школа на Малме, потоа се пресели во Сковде АИК и последно беше дел од Олимпик.






