Папе Фал падна по еден удар со противникот, но инсистираше да продолжи, сепак пак се струполи на теренот по што итно влезе амбулантно возило и го пренесе во болница.
„Папе Фал е во добра и стабилна состојба. Нашиот фудбалер заработи повреда на мечот против Тиквеш, и беше принуден да излезе порано. Папе Фел имаше сериозен дуел со фудбалерот Петровиќ, заработи силен удар во градите и падна на земјата, ја повреди главата, губејќи свест за момент.
Тоа траеше неколку секунди, па бараше да продолжи да игра, но по само неколку минути падна и беше пренесен со амбулатно возило во „Свети Еразмо“ во Струга.
По медицинските прегледи, исто така беше направена и томографија на неговата глава, покажаа дека се наоѓа во стабилна и добра состојба, па се очекува Папе Фал многу брзо да се врати во тимот. Се очекува вечерва да ја напушти болницата“, стои во соопштението на Струга.






