Арсими по киксот во минатото коло успеа да се рехабилитира и славеше на гостувањето кај Македонија ЃП со 0-1. Натпреварот не изобилуваше со шанси, двете екипи имаа по неколку обиди, а разликата ја направи Фатјон Јусуфи со голот во 28 минута, кој се покажа како доволен за триумф. Во вториот дел најзрелата шанса исто така ја имаа гостите, бидејќи Сикиру погоди пречка со ефектен волеј.
Во вториот натпревар, Струга без поголеми проблеми го совлада Шкупи со убедливи 0-3, во средба која ја играше како гостин на својот терен.
Христијан Малески одигра одличен меч и постигна два гола, додека младиот Албан Рочи еднаш се запиша во листата на стрелци. Стружани можеа да слават и поубедливо, но Малески не реализираше пенал во 39 минута.
На табелата Струга има 56 бода, пет помалку од Шкендија, додека Шкупи е веќе прежален со ѝ на дното. Арсими стигна до 32 и скокна на седмото место, додека Македонија ЃП има 23 и е претпоследна.






