недела, 14 декември 2025

Струга го победи Силекс во Кратово, Брера со пресврт до триумф против Арсими

Вардар само еден ден остана осамен на врвот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), денеска повторно му се придружи Струга која со 3-1 го победи Силекс во Кратово, Брера со 2-1 славеше над Арсими.

Објавено на

часот

Сподели

Струга одлично го отвори мечот, поведе со 1-0 уште во осмата минута од натпреварот со гол на Компаоре.

Во 33. минута Хамза даде гол од слободен удар и ја удвои предноста на Струга, беше 2-0.

Пред крајот на првото полувреме Хрвановиќ намали на 2-1 и го врати Силекс во игра.

Кратовци се обидуваа да го израмнат резултатот, но наместо тоа Зенку со прекрасен гол во судиското продолжение ги постави конечните 3-1 за Струга.

Брера освои важни три бода откако го совлада Арсими со 2-1.

Резултатот беше отворен во 34. минута кога Бесагиќ донесе водство за Арсими, но работите се променија во продолжение на мечот.

Пред самиот крај на првиот дел Наумчески со глава израмни на 1-1. По пет минути игра во вториот дел Миле Тодоров погоди за комплетен пресврт и победа на Брера од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ