понеделник, 8 декември 2025

Струга ги освои бодовите против Македонија ЃП, прв бод за Арсими како прволигаш

Струга ТЛ ја оправда улогата на фаворит и со 2-0 ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров, во Куманово Башкими и Арсими одиграа нерешено 1-1.

Објавено на

часот

Сподели

На мечот меѓу Струга и Македонија ЃП се случи и поништен гол со ВАР технологија. Компаоре ја затресе мрежата на гостите, судијата покажа кон центарот, но потоа се виде дека домашниот фудбалер играл со рака и погодокот беше поништен.

Во судиското продолжение од првото полувреме Струга поведе, Маудо Ламине даде гол со глава за водство од 1-0.

Конечните 2-0 ги постави Компаоре во 75. минута по асистенција од Малески.

Арсими го освои првиот бод како прволигаш откако одигра 1-1 на гостувањето кај Башкими во Куманово.

Гостите поведоа во 31. минута на интересен начин. Судијата прво покажа пенал за нив, но по консултација со ВАР прекршокот беше изваден надвор од шеснаесетникот. Сепак од слободниот удар Арсими со гол на Бесагиќ поведе со 1-0.

Башкими долго се мачеше да го изедначи резултатот, тоа конечно се случи во 62. минута кога Марко Симоновски даде гол за конечни 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ